69
Блокиран пат, заглавено возило, запушени канализации и поплавени куќи се пријавени во Регионалниот ЦУК Тетово по обилните врнежи од дожд.
-Добиени податоци за блокиран локален пат за селото Вејце на Шар Планина, како и патот кај тетовската касарна што е преполн со вода и има едно заглавено возило, исто така има запушени канализации во горниот дел од градот и во Голема Речица, а големо количество вода има навлезено во приватни куќи, во дворови и подруми.
Општинскиот кризен штаб е активен и се чека интервенција на кризните места, а од ЦУК, исто така, се запознаени во Јавното комунално претпријатие (ЈКП) Канализација од Тетово коишто информираа дека дека ќе испратат луѓе на интервенција. Состојбата се следи, соопшти ЦУК.
Фото: Архива