Загинати и повредени во земјотресот од 7 степени на Филипини

by Fokus

Најмалку две лица го загубија животот, а десетици се повредени во силниот земјотрес што денеска ги потресе северните делови на Филипините.

Потресот со интензитет од седум степени според Рихтеровата скала ја погоди провинцијата Абра во северните планински делови на земјата, предизвикувајќи лизгања на земјиштето и оштетувања на објекти.

Едно лице загинало во својата куќа во Абра, каде што се повредени најмалку 25 лица кои се префрлени во болница.

Градежен работник загинал во урнатините во планинскиот град Ла Тринидад во провинцијата Бенге, каде свлечишта и одрони на камења блокираа неколку патишта.

Филипинскиот Институт за вулканологија и сеизмологија соопшти дека земјотресот е предизвикан од движење на тектонските плочи на длабочина од 25 километри, со предушредување за можни последователни потреси.

Поврзани новости