360
Четиринаесет млади хокеари на тимот „Хамболд бронкос“ загинаа во сообраќајна несреќа при судир на камион и автобус. Според информации на светските медиуми, автобусот превезувал јуниорски тим на канадски хокејарски клуб. Хокеарите биле на возраст меѓу 16 и 21 година.
Во автобусот имало 28 лица, останатите 14 лица биле повредени и пренесени во најблиската болница.
На „Твитер“ се огласи и премиерот Џастин Трудо
„Не можам ниту да замислан низ што минуваат родителите на овие деца, мое сочуство до сите кои ги погоди оваа голема трагедија во градот Хамболд и пошироко“, напиша Трудо.