Посебен сообраќаен режим за Велигден во Центар, Ѓорче Петров и Аеродром

by fokus

За велигденските празници, односно на ден Велигден сообраќајната полиција при СВР Скопје денеска ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром.

Како што соопшти МВР, во периодот од 18,00 часот до завршувањето на чествувањето на празникот за време на централните верски манифестации во центарот на град Скопје за сообраќај ќе бидат затворени: бул.„Партизански Одреди” од крстосницата со ул.„Аминта Трети” до крстосницата со бул.„ВМРО”; потоа бул.„Св.Климент Охридски” од крстосницата со бул.„Илинден” до крстосницата со ул. „Димитрије Чуповски”.

Исто така, автобусите од јавниот градски сообраќај, кои што поминуваат преку мостот „Гоце Делчев”, трасата на движење им се менува и ќе се движат по бул.„Илинден”, и преку ул.„Франклин Рузвелт” ќе се вклучуваат на бул.„Партизански Одреди”, додека автобусите кои што поминуваат преку центарот на градот, трасата на движење им се менува и ќе се движат по ул.„М.Т.Гологанов”, па преку ул.”Франклин Рузвелт” ќе се вклучуваат на бул.”Партизански Одреди”. И во спротивна насока автобусите ќе ги користат истите сообраќајници.

На подрачјето на општина Ѓорче Петров по потреба за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“ десно по бул. “Партизански Одреди“, десно по ул. “Ѓорче Петров“, лево по ул. “Васил Чакаларов“. Како и од црквата „Свети Пантелејмон“ по ул. “Демир Трајко“ и лево по ул. “Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар.

Во општина Аеродром, по потреба за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон с. Лисиче.

МВР, односно СВР Скопје и овој пат, како и претходните години, согласно направените планови за активности во насока на обезбедување на јавниот ред и мир и безбедноста во сообраќајот, со присутните полициски службеници на терен ќе биде во функција на граѓаните и непречено чествување на престојните празници, стои во соопштението.

Поврзани новости