398
Во директен судир меѓу автомобил и автобус на регионалниот пат Штип – Велес денеска загина возачот на автомобилот.
Се судриле автобус со велешки регистарски таблички и „шкода“ со скопски регистарски таблички, кои се движеле во спротивни правци. Возачот на автомобилот загинал за лице место и се уште не е идентификуван.
Увид на лице место направила екипа на полициската станица во Свети Николе и Основен јавен обвинител од Свети Николе.