676
Од канцеларијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски соопштија дека украинската армија убила уште еден руски генерал, пренесува „Киев индипендент“.
Рускиот генерал Јаков Рјезанцев е убиен во Чорнобаивка, северно од Херсон, каде што се водат жестоки борби меѓу Украинците и Русите, тврди Олексеј Арестович, советник на Зеленски.
„Украинските сили го убиле командантот на 49. руска армија на Јужниот округ, генерал Јаков Рјезанцев, во напад на Чорнобаивка кај Херсон“, истакна Арестович.