464
Шеесет и осум годишна охриѓанка вчера загина, откако во неа удри мопед „Лонгија“ управуван од 17-годишник од Охрид.
– На 17 август, во 20 часот било пријавено дека во Охрид на улица „Ристо Чадо“, мопед „Лонгија“, со охридски регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од Охрид, удрил во пешакот Б.Ѓ. (68) од Охрид. Б.Ѓ. била пренесена во Општата болница Охрид, каде им подлегнала на повредите. Возачот на мопедот се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“, информираат од МВР.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид.