445
46-годишниот А.Р. од гостиварското село Лакавица загина вчера попладнето додека го поправал багерот. Според полицијата машината го фатила во пределот на градите и го повлекла помеѓу двата подвижни дела. А.Р. починал на самото место.
Смрт била констатирана од страна на лекар во Медицинскиот центар во Гостивар. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гостивар како и трудов инспектор од Државниот инспекторат за труд. По Наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.