ВИДЕО Изгоре салон за мебел во близина на Струмица

by fokus

Во магацинско деловниот простор „Савело’’ што се наоѓа во индустриската зона Василево, вчера околу 14.00 часот избувна пожар. Во пожарот интервенирале екипи на струмичката Територијалната противпожарна единица, но не успеале да ги совладаат пламените јазици.

Во пожарот целосно изгоре објектот на „Савело“. Од полицијата додаваат дека за среќа нема повредени во настанот.

Видето: Сител

 

Поврзани новости