Еден од најмладите доброволци кои пристигнаа од Словенија за да ги гаснат големите пожари кои беснееја во Македонија во август, загинал во сообраќајна несреќа, еден ден пред неговиот 20-ти роденден.
Трагичната вест ја пренесе Дојче Веле на македонски јазик кои го потретираа Жан Кафол при гаснењето на пожарите.
-Од Словенија денеска ни пристигна тажна и трагична вест за смртта на Жан Кофол, пожарникарот кого го портретиравме за време на пожарите во источна Македонија во август годинава. Кофол беше меѓу најмладите доброволци кои пристигнаа од Словенија и со денови учествуваше во гаснењето на огнената стихија во околината на Берово и Пехчево. Кофол го загуби животот во сообраќајна несреќа во близина на родната Нова Горица во вторникот на 28 септември, еден ден пред неговиот 20 роденден. Слава му!, пишува на неговата фотографија.