Загадена водата во кичевските села, надлежните препорачуваат да се преврие пред употреба

by fokus

По направените анализи од страна на Центарот за јавно здравје, хигиена и здравствена екологија – Кичево констатирано е дека водата за пиење од селските водоснабдителни објекти не одговара на Правилникот за безбедност на водата во однос на испитаните параметри, извести Центарот за управување со кризи.

Испитани се примероци на водата од селските водоводи во Шутово, Стрелци, Премка, Србица, Туин, Јагол, Јагол Доленци, Поповјани, Осломеј, Кнежино, Кнежино – Манастир „Св. Ѓоргија“.

Од Центарот за јавно здравје во Кичево предупредуваат дека водата не смее да се користи како вода за пиење до добивање на исправен примерок. Потребно е воведување на перманетна дезинфекција на водата или по можност повремена. Дотогаш водата пред користење треба да се преврива, се посочува во соопштението од ЦУК.

Поврзани новости