614
Валентин Зафиров како поранешен судија препознава местење судии и во рапоредите, кои во Кривичен често се менуваа.
Според него, недозволиво е по неколку пати да се интервенира во годишниот рапоред на судење кај судиите, бидејќи судскиот деловник предвидува распоред да се прави еднаш годишно или вонредно, ако одредено одделение во судот се преоптовари со работа.
-Дури и судиите кои сметаат дека се нивни, а не се сто посто сигурни дека така ќе постапат, ги тргнаа од работењето. Тоа е очигледно местење. И тоа многу добро се свесни колегите од Кривичен суд, дека подлежат на кривична одговорност. И мене ме загрижува што и понатаму вака работат. Значи, ептен се загазени во криминал, па се плашат од одговорност, смета Зафиров