669
Овие избори нека бидат крај на целиот национализам во државава. Граѓаните имаа избор на слободни и демократски избори да кажат во кој правец сакаат да се движи нашата држава, порача денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
– Времето на национализмот завршува. Тоа го покажаа резултатите од вчерашните локални избори. Граѓаните ја испратија пораката. Опозицијата треба да ги промени политиките кои ги спроведуваше во последните неколку месеци – истакна Заев.