Бојаџиев го урна Ѕинго во Кратово како кандидат на СДСМ, откако пред 17 години не му успеа како кандидат на ВМРО

by Фокус

Новоизбраниот градоначалник на Кратово од редовите на СДСМ, Љупчо Бојаџиев, го прекина децениското владеење на социјалистите на Љубислав Иванов – Ѕинго во овој град од втор обид, победувајќи го во првиот круг на локалните избори кандидатот на Социјалистичката партија поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Мите Андоновски.

Инаку, Бојаџиев беше кандидат за градоначалник и на локалните избори далечната 2000 година, но не на СДСМ туку на тогашната коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Демократската алтернатива.

Овој доктор-офтамолог, роден во Струмица, загуби на тие избори од кандидатот на социјалистите тогаш поддржан од СДСМ, Стојан Миланов, меѓутоа 17 години подоцна, со сменети улоги на СДСМ и на ВМРО, успеа да ја урне империјата на Ѕинго.

Поврзани новости