Заев: Законот за јазиците ќе биде донесен пред локалните избори, секој има право на еднаквост во нашето општество

by fokus

Владата ќе го донесе законот за јазиците пред локалните избори и со тоа нема да ги изгуби гласовите на граѓаните ниту од македонската, ниту од албанската етничка заедница, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

“Никој не губи ништо, секој има право на еднаквост во нашето општество и да ја чувствува Македонија како своја“, потенцира премиерот.

Според него, народот сака решавање на проблемите.

„Една работа е сигурна. Владата ќе го донесе законот пред локалните избори, а ако бидеме подготвени ќе биде усвоен и во Парламентот. Само следете не, ќе видите како ќе растат гласовите и на Македонците и на Албанците и на Турците и на Србите, кон оваа владејачка коалиција“, истакна Заев, одговорајќи на новинарски прашања пред деловниот појадок со Сојузот на стопанските комори.

Законот за јазиците, рече Заев, веќе се подготвува во Министерството за правда и многу брзо се очекува да биде доставен до Владата од каде потоа ќе се процесуира до Венецијанската комисија и Парламентот.

Поврзани новости