Лидерот на СДСМ, Зоран Заев ја објасни вонредната состојба која ја предложи Владата на денешната седница и порача дека ова не би значело забрана за движење,но порача дека доколку не се почитуваат препораките и мерките кои ќе се носат, ќе се воведе полициски час со кој ќе се забрани движењето на граѓаните.
– Секоја криза носи нова можност. Вонредната сосотјба ќе значи да се средиме сите, малку повеќе да бидеме посериозни, поодговорни, да има ред, да има дисциплина. Сите институции да бидат поодговорни и попрофесионални. Вонредната сосотјба ќе значи дека ќе работат сите објкети и дејности освен ако владата со уредба не затвори некој усгостителки објект. Ќе може да излегуваме, пред се денски да завршиме неопходна работа, да се вратиме дома и на работното место. Но мора сериозно, затоа да одиме да завршиме работа, со заштитни ракаици и маска на устата и да внимаваме максимално, порача Заев.
Објасни дека ако се прогласи вонредна состојба Владата ќе биде како еден вид на Парламент. Пикот на заразените го очекуваат од некаде од 15 до 20 април. Тој денеска зборуваше за значењето на влезот на Македонија во НАТО и порача дека на ред е сега влезот во Европската унија.