Заев за „Вијести“: Груевски се сети на болниците пред заминување

by fokus

Во преодната влада се фокусиравме на ресори во кои има огромни злоупотреби – Министерството за внатрешни работи, за труд и социјална политика, за земјоделство и финансии, вели Зоран Заев, лидерот на опозицијата, во интервју за новогодишното издание на црногорскиот весник „Вијести“.

– Со влезот во преодната влада, опозицијата во Македонија, за само еден месец пронајде докази за фалсификувани лични карти, злоупотреба на социјалната помош, злоупотреба на субвенциите за земјоделците со кои владата на Никола Груевски се одржуваше на власт, вели Заев.

На прашањето за тоа како го објаснува тоа што во периодот на владеењето на Груевски, државата имала рекорден прилив на странски инвестиции, пораст на БДП, се граделе автопатишта. Заев вели дека сето тоа се случувало само во виртуелниот свет што го го направил Груевски со медиумската пропаганда.

– Вистината е дека во последните 8 години во Македонија просечната стапка на растот на Бруто домашен производ изнесуваше само 2 отсто. Приливот на странски инвестиции е околу 2,5 до 3 отсто од БДП, што е убедливо најслаб резултат во регионот. За истиот тој период, јавниот долг на Македонија е дуплиран. За една деценија на власта на Груевски изгради само седум километри автопат, додека над 180 000 граѓани во Македонија живее со по 40 денари на ден, што не ниту 1 евро, а 500 000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата. Во Македонија новороденчињата умираат три пати повеќе отколку што е просекот во земјите на Балканот, а 626 312 граѓани, од кои најмногу млади ја напуштија Македонија. Груевски се сети на автопатиштата и болниците пред заминување. Тие се градат на брзина, па се реновираат зашто не се квалитетно изградени. Со тоа за два, па и три пати ги задолжи граѓаните – вели Заев за „Вијести“.

Поврзани новости