УХМР: Врнежите од снег ќе засилат

by fokus 18:14
18:14

Во попладневните и во ноќните часови, врнежите од снег ќе се прошират на целата територија на земјава и на места ќе бидат засилени, информираат од УХМР.

Насекаде ќе се формира снежна покривка, на планините повеќе од 50 сантиметри, а на пониските места од 10 до 20 сантиметри.

Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурата ќе биде од нула до 8 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде облачно, со врнежи од снег, кои повремено ќе се интензивираат и ќе се формира снежна покривка околу 20 сантиметри. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурата ќе биде околу нула Целзиусови степени.

Поврзани новости