Богоевски: За случајот Монструм невини лежат во затвор!

by fokus

За случајот со петкратното убиство на Смилковско Езеро невини лица лежат во затвор, изјави вечерва ексразузнавачот Слободан Богоевски во емисијата „24 Вести Отворено”

-Со законот за амнестија којшто го предлагаме, овие луѓе ќе излезат од затвор и случајот „Монструм” ќе започне одново, се додека вистинските виновници не бидат осудени.

Богоевски го опиша „Монструм” како политички конструиран случај за да се подигнат меѓуетничките тензии и да се влијае на тогашните избори.

Во емисијата на 24 Вести гостин беше и братот на еден од осудените лица за убиството кај Смилковско Езеро.

-На прашањето до судијата „Како ќе ги осудите кога знаете дека се невини?”, тој рече за тоа да ги прашаме тие „од горе”, што ги донеле овие луѓе пред него – рече тој.

Дека за „Монструм” не се казнети вистинските виновници верува и Љубе Бошковски, кој тврди дека во затворите има десетици невини осуденици.

-Овие луѓе лично ги запознав и не само нив и многу други кои се доживотно осудени, лежат во Идризово, а кои верувам дека се невини. A кои се мотивите и зошто некој можел да креира такво монструозно дело се надевам дека еден ден ќе биде разоткриено –рече Бошковски во „24 Отворено”.

Поврзани новости