509
Многу реакции на социјалните мрежи предизвика средбата на премиерот Зоран Заев со Мајкл Штрауметис, познат како Биг Мајк, светски претприемач во полето на одгледување на канабис.
Заев порача дека целта на средбата е медицинска употреба на маслото од канабис и да се зајакне правото на извоз.
„Ние не ги соопштуваме сите средби. Јас седев до човекот, немаме дилеми и ништо не криеме. Целта беше медицинско масло од канабис и да го зајакнеме правото на извоз, тоа да се користи за медицински употреби. Господинот Биг Мајк побара средба, поради тоа што постои во Македонија може да се помогне во неговиот пласман. Не сме имала што да криеме. Ќе работиме понатаму во се, за интерес на државата. Тоа за нас се нови работни места“, истакна Заев.