Заев за „Поткуп“: Ќе ја почитувам секоја судска одлука

by fokus

Премиерот Зоран Заев во својот завршен збор за случајот „Поткуп“ истакна дека ќе ја почитува секоја судска одлук, истакнувајќи дека добил фер судење.

-Со самата преквалификација на делото и признанието дека снимките се незаконски се докажа дека во мојата земја на незаконски начин биле злоупотребувани институциите со цел моја дискредитација и да ме спречат во проектот „Вистината за Македонија“ преку т.н. „бомби“, рече Заев кој додаде дека е задоволен од можноста преку својата одбрана да ја докаже невиноста.

За обвинителката пак, Заев рече дека со преквалификација на делото направила најмногу што можела да го зачува достоинството на обвинителството. Тој додаде дека против обвинителите кои го срочија обвинителниот акт неговите адвокати веќе поднеле кривична пријава.

Пресудата за „Поткуп“ ќе биде соопштена во понеделник, а според направената преквалификациј, на Заев му се заканува казна затвор од една до пет години.

В.В.

Поврзани новости