Заев за пописот: Тоа што можеме денес да не го оставаме за утре

by Фокус
Најлесно е нешто да одложите, прашање е дали ќе прифатите предзвик да го спроведете, рече премиерот Зоран Заев, зборувајќи за пописот во интервју на Сител.
-Сите велиме дека не знаеме кога ќе заврши пандемијата, никој не ни знае да одговори на тоа, но ние и правиме штета на државата, трошиме кој знае колку пари затоа што немаме попис, тоа е алатка која се користи на секои 10 години за правење ефикасни политики, политики за развој на економијата, политики за подобар стандард и посреќни граѓани – рече Заев.
Тој направи споредба со ланските обиди на опозицијата да ги одложува парламентарните избори.
-Изборите ги одложувавме до јули, опозицијата велеше да бидат во септември, а каква ни беше систуацијата есента? Непроменета беше. Со оглед дека никој не може да гарантира каква ќе биде ситуацијата за шест месеци или една година, тогаш зошто да одложуваме.  Тоа што можеме да го направиме денес, да не го одложиме за утре. Други држави одложуваат оти имале пописи пред десетина години, а ние? Ние имавме во 2002 година последен попис –  заклучи Заев.

Поврзани новости