Меџити: Груби ги користи медиумите за самопромоција

by Фокус

Артан Груби презема повеќе одговорности отколку што има капацитет, смета неговиот сопартиец Изет Меџити, кој поднесе оставка од позицијата координатор на пратеничката група на ДУИ.

-Тој (Груби) моментално ја извршува позицијата организациски секретар во организацијата што не ја познава добро. Со оставката на Атила Реџепи, тој неофицијално ја извршува функцијата генерален секретар, шеф на кабинетот и прв вицепремиер и ги контролира медиумите за самопромоција и напад на членови на партијата кои мислат поинаку. Тој се занимава со Форумот на жени, со Форумот на млади, се занимава со кадровски прашања. Пред народот не се снајде најдобро во 2016 година, и на други избори, во партиските структури во локалниот совет ги загуби изборите, во партискиот совет не е избран – рече Меџити за Алсат.

Поврзани новости