Заев за Политика: „Отворен Балкан“ не е замена за ЕУ

by fokus

„Отворен Балкан“ е израз на силната политичка волја на Северна Македонија, Србија и Албанија и иницијатива од највисок јавен интерес, нашите народи го имаат истиот пат пред нив, вели премиерот Зоран Заев во авторскиот текст за српскиот весник „Политика“. Тој посочува дека „Отворен Балкан“ не е алтернатива на Европската унија, туку „испорака на она што самата ЕУ треба да го испорача“.

„’Отворен Балкан’ е комплементарен, не е спротивен на ЕУ. ‘Отворен Балкан’ е засилувач на нашата европска агенда, додека сите три земји остануваат посветени на своите агенди и обврски за влез во ЕУ“, пишува Заев.

Тој порачува дека иницијативата е отворена и воедно подава рака кон сите земји од Западен Балкан, повикувајќи: Придружете ни се, заради нашите народи.

Поврзани новости