Заев за Мицкоски: Човекот ни се води, ни се гони!

by fokus

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев на денешнатап прес-конференција одговараше на прашања за новиот предлог-закон за Јавното обвинителство.

Тој порача дека верува дека ќе се изнајде решение за негово донесување за брзо време.

„Јас не очекувам и не помислувам Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да победат на изборите. Што се однесува за лидерската средба, човекот е „ни се води, ни се гони“. Верувам дека ќе се изнајде решение. Јас ќе се обидам прво со осумте пратеници. Недонесување на законот не дава правна рамка за да независно работат јавните обвинители и судии во државата. Нашите граѓани бираат кој ќе биде власт, а кој ќе е премиер. Доста време државата останала во калта, скарана со соседите“, истакна Заев.

Поврзани новости