Граѓаните ни испратија прецизна порака. Ќе ги корегираме нашите слабости, рече премиерот Зоран Заев, прогласувајќи ја победата на СДСМ на претседателските избори и додавајќи дека најавената „метла“ ќе се однесува за сите коалициони партнери
-Тоа ќе се случи, прво во СДСМ, ќе влеземе во нашите редови, Некои од нашите луѓе се изморија, фиксираа доста гласачи да останат дома. Ќе почнеме со јавните претпријатија, акционерските друштва, Владата и министерствата, ќе одиме по ред. Се ова во функција на големина, доблест. Ние мора да го следиме, да му служиме верно и посветено на народот – рече Заев.
Тој додаде дека на оваа тема разговарал со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, пред изборната кампања.
-За време на кампањата се видовме неколку пати, работевме на охрабрување на гласачите за успешност на изборите. Не разговаравме во кампањата, но претходно сме разговарале за промени што треба да се случат – додаде тој.