Ахмети не дојде на Бихачка, но го испрати раководството на партијата

by fokus

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, иако се очекуваше сепак не дојде во седишето на СДСМ да ја прослави заедно со коалиционите партнери победата на Стево Пендаровски за претседател. Како што информираа Пендаровски и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, тој сепак телефонски им ја честитал победата.

-Ахмети се јави кај мене и честиташе, радосен е на оваа победа. Овде е шефот на штабот на ДУИ, раководството на ДУИ, како и раководството на сите партии кои застанаа зад Пендаровски – рече Заев.

Пендаровски, пак, рече дека до сега никој од противкандидатите не се јавил да му ја честита победата.

-За жал ниту еден до сега од противкандидатите не се јави да честита. Со Ахмети лично се чув, лично ми ја честиташе победата – додаде тој.

Поврзани новости