Мојот став секогаш е ист, и така ќе продолжи. Никој не е виновен додека со правосилна пресуда се докаже спротивното. Ова е само истрага, изјави вчера премиерот, Зоран Заев, во врска со истражната постапка што ја отвори Специјалното јавно обвинителство, а со која е опфатен вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.
-Нормално дека ќе сакам да ги знам деталите, ќе го следам внимателно процесот и навремено ќе преземам мои активности ако нешто е поврзано со дигнитетот на Владата – рече Заев.
Инаку, Османи е под истрага на СЈО заради случајот „Пациент“ во кој се истражува злоупотреба на службената положба и овластување на службени и одговорни лица во постапки по јавни набавки за извршување на градежни и градежно – занаетчиски работи во повеќе Јавни здравствени установи низ државата, додека Османи бил министер за здравство.