Заев за Груевски: Овој забегал целосно!

by Фокус

Овој забегал целосно. Тоа милионите, како што ги пишува, може само арамија најголем така да пишува, коментира поранешниот премиер Зоран Заев, на тврдењето на поранешниот премиер и азилант во Унгарија, Никола Груевски, дека Заев започнува изградба на кула во Дубаи, инвестиција од над 600 милиони евра.

Како што објави вчера Груевски на својот официјален профил на социјалните мрежи, имал информации дека Заев започнува изградба на кула од 82 ката во Дубаи, инвестиција од над 600 милиони евра.

-Најголем дел од парите за оваа инвестиција се проневерени преку масовниот рекет како никогаш во постоењето на Македонија и со злоупотребата на власта во времето на неговото владеење, пари во готовина и потоа пренесени со приватен авион во Дубаи и ставени на банкарска сметка. Истовремено се подготвува и за нова голема инвестиција во една друга земја во Азија, охрабрен од помислата дека ги решил сите прашања за негова неказнивост по сите можни основи, објави Груевски.

Веста за тврдењето на Груевски, дека Заев наводно започнува изградба на кула во Дубаи, ја објавија повеќе електронски медиуми. Под една објава на истата вест, на страницата на адвокат од Куманово, се огласи и Зоран Заев.

Иако изминатиот период откако се повлече од функцијата, ретко дава изјави или пак коментира објави поврзани со неговото име на социјалните мрежи, очигледно испровоциран од тврдењето на Груевски, порача дека човек треба да е ,,забеган во умот” за да кажува и тврди такви глупости.

-Колку треба човек да е забеган во умот да кажува и тврди вакви глупости. Суетните само чекаат да се фатат на вакви будалаштини за да си ја залечат суетата. А некои луѓе кои многу добро и јас ги познавам а и тие мене, овде коментираат нешто во што и самите не веруват ама и јас и тие добро знаеме зошто тоа го прават. Заеви вработуваат преку 1.000 луѓе во Македонија. Така било пред да бидам во политика, така било додека сум бил во политика, така е и сега. Ве гушкам камелеони офарбани со сите бои, коментираше Заев.

Вики Клинчарова

Поврзани новости