Очекуваме грчката страна да го исполни делот од договорот кој се однесува на сообраќајните патокази затоа што е време пет години по потпишувањето Преспанскиот договор да се сменат патоказите во Грција кои упатуваат кон држава која не постои со кратенка ФИРОМ, изјави поранешниот премиер Зоран Заев во интервју за “One Chanel”.
Од друга страна, додава Заев, македонските граѓани годинава и до почетокот на идната година ќе го завршат процесот на промена на личните документи со новото име на земјата.
-Сакам да нагласам дека најважната работа од Преспанскиот договор е комплетно да се нормализираат билатералните политички релации кои веќе влегоа во нормален колосек со активна и редовна взаемна комуникација, со меѓусебни државни средби кои резултираа со прва официјална посета на Грција на претседател од Македонија, како и со прва офијална посета на грчки премиер во земјава- додава Заев во интервјуто.