469
На прес конференцијата лидерот на СДСМ, Заев, посочи дека нападот во Гошинце и да е искреирано сценарио и да е вистински напад, одговорен мора да има.
„Како и да е, доказите стигаат до нас. Имаме силни индикации дека слуачјот е замисла на власта, но немаме конкретни докази. До нас постојано стигнуваат податоци дека ова е злобно сценарио, ги имаме листинзите со оружје кое е однесено, како и за тоа како е спроведена акцијата. Едно знам- Албанците викаат дека не се тие кои стојат зад инцидентот“- рече Заев.
Во врска со пораките на странските амбасадори, пред се на таа на германската амбасадорка која повика прво на оставки, а потоа на завршница на случајот, за Заев се јасно и директна порака до власта.