Средношколски пленум: И, да врне, и да вее, средношколците над глава ќе ви бдеат

by Фокус 14:59
14:59

Средношколците побараа граѓаните да донираат кабаници и тенди, откако пред околи 30 минути почна да врне силен дожд со град и дел од нив беа принудени да бараат засолниште.

„Се молат сите граѓани кои сакаат да ни помогнат во нашата истрајност при кампувањето и бојкотирањето на наставата, доколку се во можност да ни донираат кабаници и тенда за што им благодариме“, напишаа на профилот на Фејсбук од Средношколски пленум.

- Advertisements -

Напишаа и песна

КРАТКО, ЗА МОН

И да врне
И да вее,
И сонце да грее,
‪#‎СредношколскиПленум‬ и ‪#‎СредношколскиФронт‬
Пред врата
И над глава ќе ви бдее.

 

Поврзани новости