Заев за „Фокус“: Сите преживеани имаат свое видување за несреќата

by Fokus

Премиерот Зоран Заев уште рано сабајле замина на местото на страшната трагедија во Бугарија, да ги посети преживеаните во автобуската несреќа што се случи ноќеска на автопатот „Струма“ во која животот го загубија 46 патници, а седум се повредени.

Тој во изјава за „Фокус“ потврди дека во болницата се сретнал со сите седумина преживеани во несреќата и разговарал поединечно со секој од нив.

„Се видов со сите седум преживеани. Секој од нив има свое видување за несреќата, кое е логично, но сепак треба да се сочека истрагата за да не испаднат шпекулација што е посебно недозволиво во овие тажни моменти за семејствата на починатите“, истакна Заев за „Фокус“.

Заедно со него, на местото на страшната трагедија отидоа и министерот за здравство Венко Филипче и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Заев изрази сочувство за загинатите во несреќата, за која лично бил информиран од бугарскиот претседател Румен Радев и од премиерот Стефан Јанев.

И.М.

 

 

 

Поврзани новости