Заев за Фајненшел: Името Нова Македонија е неприфатливо

by Fokus

Премиерот Зоран Заев во интервју за „Фајненшeл тајмс“ оценува дека Македонија и Грција се приближуваат кон решение на долгогодишниот спор за името.

Тој уште еднаш повтори дека не е неопходна промена на Уставот на Македонија, на што инсистира грчката страна како гаранција за евентуалниот договор.

За имињата кои во јавноста се спомнуваат како предлози на медијаторот Метју Нимиц (Република Македонија (Скопје), Северна Македонија, Горна Македонија, Вардарска Македонија и Нова Македонија), Заев посочува дека Нова Македонија е неприфатливо, бидејќи нема географска одредница, но оти може да се преговара за другите четири имиња.

 

Поврзани новости