Заев за „Двојник“: Моите коалициони партнери легитимно е да имаат средба со Пекер

by Fokus

Легитимно е коалиционите партнери да имаат средба со Седат Пекер, еден од најголемите турски криминалци кој имал македонски пасош со лажен идентитет, изготвен од МВР, рече Заев на денешната прес-конференција, оценувајќи ја акцијата „Двојник“, како успешна.

„Јас сум запознаен кој од коалиционите партнери имале средба на негово барање низ чаршијата и на други места, но апсолутно , не може да се каже дека некој има вина поради тоа, затоа што е нормално некој кога ќе побара средба таа и да се закаже.Кога некој открива, осознава и активно процесуира криминал, тој треба да се награди, а не да одговара. Ова е неколкумесечна акција која се работи со Интерпол и со регионалниот центар на САД за да се казнат ваквите постапки. Луѓето кои се извадени пред суд и дале 214 државјанства се во притвор. Низ децениите тоа што се случувало, на крајот има успешна завршница за да не се повтори никогаш повеќе, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање“, истакна Заев.

Поврзани новости