Во Турција рекордни над 50.000 новозаразени со корона вирус

by Fokus

Турција евидентираше над 50.000 нови случаи на корона вирус за еден ден, што претставува највисоко ниво од почетокот на пандемијата, јави ДПА. Министерството за здравство доцна синоќа соопшти за вкупно 54.740 новозаразени со коронавирус и 276 смртни случаи за еден ден.

Земјата со 84 милиони жители се бори да спречи зголемување на инфекциите, откако во март беа олабавени рестриктивните мерки, потсетува германската агенција.

Најавени се построги мерки, како што е полициски час за време на викенд, во деловите со голем број новозаразени, вклучително и Истанбул и главниот град Анкара.

Поврзани новости