702
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во вечерашното интервју на ТВ 24 рече дека партијата се оградила од градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски и дека санкции мора да има за сите кои направиле некаков прекршок.
-Ние како партија се оградивме од Максим Димитриевски, затоа што при вршење на контролата биле констатирани недоследности и е изречена санкција. Заради тоа што добил санкција од власта која е предводена од неговата партија, власта била режимска. Нормално дека ќе се оградиме од Димитриевски, тоа е мој другар и мој сопартиец но, кога ќе се направи пропуст мора да има санкција. Како тоа граѓаните ги казнуваме, а ако тој бил од СДСМ, нема да го казниме?, вели Заев.