Заев за бегството на Мијалков: Не знам дали истрагата е завршена, но бев дел од неа

by fokus

Премиерот Зоран Заев денеска истакна дека нема информација дали предистрагата за бегството на Сашо Мијалков е завршенаи и дали има утврдено одговорност на институциите за неговото бегство, но истакна дека бил дел од неа.

–Не знам за истрагата, но знам дека бев дел од истрагата. Обвинителката Ленче Ристовска имаше интервју со мене, односно бараше детали, податоци, се, којшто нормално како одговорен и човек но и претседател на Владата ги соопштив, ги дадов, чекам да ја прочитам, да ја видам навистина истрагата и документот којшто е конечен затоа што мислам дека сите треба да учиме од слабостите на системот или од предностите коишто треба секојпат да ги подобруваме и унапредуваме, одговори Заев.

Поврзани новости