Заев во Струмица се сретнал со Митко Јанчев и Никола Тодоров?

by fokus

Премиерот Зоран Заев во саботата вечерта во Струмица имал неформална средба со поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров и со градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, објави весникот Независен.

Средбата се одржала на барање на Заев и на неа се разговарало за уставните измени, пред почетокот на пленарната собраниска седница за нацрт-амандманите.

Во претходните денови Заев изрази очекување дека ќе се проширува мнозинството во парламентот за поддршка на уставните измени. Откако во октомври беа обезбедени 80 гласа за пристапување кон уставни измени, Тодоров и Јанчев беа меѓу функционерите на ВМРО ДПМНЕ што беа исклучени од партијата или разрешени од функциите.

Поврзани новости