Заев: Во северо-источниот регион се инвестираат 80 милиони евра за патна мрежа

by Фокус

Го модернизираме Коридор 8 како една од најважните македонски капитални инвестиции, објави премиерот Зоран Заев на неговиот фејсбук.

„Коридор 8 е главната артерија која ја поставува Северна Македонија како крстопат помеѓу соседите, а ги поврзува и Црното со Јадранското Море. Работите на патната инфраструктура на Коридорот 8 се одвиваат на целиот исток на земјата, а само во северо-источниот регион се реализира инвестиција од над 80 милиони евра со интензивирана изградба на патната мрежа како никогаш досега“, пишува Заев.

Поврзани новости