Заев во позитивен дух го испрати Наумовски на новата рунда преговори за името

by fokus 19:57
19:57

Од Владата информираат дека премиерот, Зоран Заев, денеска одржал консултативна средба и координација со амбасадорот Васко Наумовски за претстојните активности како дел од новиот циклус разговори со Грција поврзани со спорот за името.

„На оваа средба, на која присуствуваа и заменик претседателот на Владата задолжен за евроинтеграции Бујар Османи, и министерот за надворешни работи Никола Димитров, е констатирано дека за средбите на медијаторот Метју Нимиц со амбасадорите Наумовски и Василакис, кои се закажани да отпочнат на 11 декември, е постигната позитивна клима и во Република Македонија и во Република Грција“, велат од Владата.

Од таму додаваат дека во разговорот на оваа средба меѓу Заев, Османи, Димитров и  Наумовски, е оценето дека за решавањето на оваа прашање од особена важност се инклузивноста, како и потребата од кохезивност во ставовите за ова прашање од врвен национален интерес за Република Македонија.

Средбата на амбасадорите со посредникот на ОН ќе се одржи овој вторник во Брисел.

Поврзани новости