Актерот и режисер Диме Илиев, кој по потекло е од Неготино, имаше свое обраќање пред своите сограѓани во центарот на градот, на трибина за референдумот ,,Заедно ЗА европска Македонија”.
-Најгласни за бојкот се оние кои во џеб или дома имаат туѓи пасоши, но ние сакаме да патуваме надвор со наш пасош. И оние од дијаспората, кои повикуваат на бојкот, а своите внучиња ги крстиле Мајк или Џон, деца кои дали неколку пати или пак ниту еднаш во животот ќе дојдат во Македонија. Во изминатиот период овде дојдоа многу политичари, Меркел и кој ли уште не. Да не ја пропуштиме оваа шанса поради инает. Јас не сакам моите деца и внучиња да си заминат од Македонија и да ги гледам преку интернет. Затоа и ќе излезам на рефрендумот за европска Македонија – порача Илиев.
Свое обраќање пред неготинчани има и премиерот Заев.
-Како мал пазар тешко се опстојува, можеме само здружени заедно, каде што владее правото. После 27 години, каде да ја водам Македонија? Во ноќта, во понорот? Немаме два животи, ајде да направиме чекор. Нашиот народ знае да носи мудри одлуки, и верувам дека и овој пат ќе го стори тоа. Сите знаеме дека направивме компромис. Сите секој ден паравиме компромиси, и децата во градинка со играчките, и јас и моите сопруга правиме компромиси, тоа го движи светот напред. Од учебници учевме дека е факт како има Егејска и Пиринска Македонија. Од историскиот регион ние сме Северна Македонија. Ние ќе бидеме македонци признати во целиот свет. Дали во втора декада на 21 век ќе го освојуваме Солун или Сандански или ќе подадеме рака, оти имаме само еден живот. Должност е на лидерите да обезбедат иднина, и затоа решението е фер. Не е точно кога викаат дека двете страни добиле и изгубиле, не, двете страни само добија и ништо не изгубија. Со компромис и подавање рака ги сменивме нешатата во нашата земја. Требаше да се реши проблемот со Грција, направивме потег, првин го решивме со Бугарија. Викаа дека ќе не снема, но трговијата порасна со 12 проценти. Нашите уметници држат концерти во Бугарија, се играат спортски натпревари, имаме придобивки кои ќе растат, така ќе биде и со Грција. Од соседите кои ни беа непријатели, направивме пријатели – порача Заев.
Покрај премиерот Зоран Заев, во Неготино е и Љубе Бошковски.
Вики Клинчарова