458
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ќе се обрати пред граѓаните во 13 часот во седиштето на СДСМ, соопшти тој на својот Фејсбук профил.
Заев се уште чека од претседателот Иванов да му го додели мандатот, откако достави потписи со кои се докажува дека неговата партија има обезбедено мнозинство во Собранието. Вчера во гостување на Алсат М, лидерот на СДСМ рече дека има и план Б, а тоа е тие да побараат свикување на Собранието и да се избере влада.