ТХТ: Деновиве ќе се формира нова влада, не потпаѓајте на провокации!

by fokus

Во Македонија, од ден на ден, сè повеќе се чувствува слободата која произлезе од одлуката на граѓаните која беше донесена на 11 декември, пишува во соопштение Партијата за движење на Турците во Македонија (ТХП) која вели дека е задоволна што „завршила фашистичката ера на Груевски во која Турците беа фатени за уши и максимално разнебитени“.

„Мнозинството припадници на турската етничка заедница на изборите гласаа за промени, за слобода и живот во Македонија. Турците и натаму го имаат истиот став и тоа го манифестираат игнорирајќи ги протестите кои се организирани под палката на истото злосторничко здружение кое во изминативе 10 години ја опустоши цела Македонија. Апелираме до сите граѓани и до целата турска етничка заедница да не потпаѓаат на провокациите и спиновите. ТХП одговорно тврди дека во наредниве денови ќе се формира нова Влада која ќе работи во корист на сите граѓани, вклучувајќи ги и Турците, без разлика на нивната партиска припадност“, се наведува во соопштението на Партијата за движење на Турците во Македонија.

Поврзани новости