516
Премиерот Зоран Заев в четврток 13 септември во 11 часот и 45 минути ќе се обрати на пленарната седница на Европскиот парламент во Стразбур, јави дописничката на МИА од Брисел.
Два дена пред тоа, Европскиот парламент ќе одржи дебата со грчкиот премиер, Алексис Ципрас, на тема „иднината на Европа“. Истиот ден попладне, европратеници ќе дебатираат на истата тема и со унгарскиот премиер Виктор Орбан стои во агендата на ЕП.
Идната недела е клучна за Европскиот парламент бидејќи на 12 септември, претседателот на Европската Комисија Жан Клод Јункер треба да го одржи својот годишен говор пред ЕП, наречен „Состојбата на Евроската Унија“, во кој шефот на Комисија ги најавува приоритетите и предизвиците на ЕУ за наредната година.