Се запали и целосно изгоре камион во Македонска Каменица

by fokus 18:51
18:51

Денес, во 14:45 часот на самиот влез во Македонска Каменица, се случи сообраќајна несреќа во која целосно изгоре кабинскиот дел на камион, марка Волво со бугарски регистарски таблици, објави порталот Каменица.мк.

Камионот превезувал 265 единици празни единици, секоја под притисок и со носивост од 90 литри метан.

- Advertisements -

Брзата и присебна реакција наТППЕ од Македонска Каменица спречи катастрофа од поголеми размери, успевајќи во последен момент да спречат ширење на огнот кон товарниот дел од камионот.

Поврзани новости