Заев во Брисел ќе се сретне со Хан и Столтенберг

by fokus

Премиерот Зоран Заев, заедно со министерката Радмила Шекеринска, Бујар Османи, заменик претседател на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања и Никола Димитров, министер за надворешни работи, од денеска се во дводневна посета на Брисел.

Заев во текот на денот ќе се сретне со Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, со кого ќе имаат и заедничка изјава за медиумите. Премиерот ќе има средба и со Јоханес Хан.

-Во текот на денешниот ден Претседателот на Владата на РМ Зоран Заев, и владината делегација, ќе имаат работна средба и со Комесарот за соседска политика на ЕУ и преговори за проширување, Јоханес Хан, информираат од Владата.

Оттаму појаснуваат дека премиерот Заев, во попладневните часови, ќе се обрати и на Форумот Кран Монтана, на сесијата насловена „Југоисточна Европа и нејзиното пристапување кон Европската Унија“.

-Утрешниот ден, петок, агендата на Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев започнува со средбата со Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, по што ќе следува и заедничка прес конференција. Во текот на дводневната работна посета на Брисел премиерот Заев ќе учествува и на работниот состанок на Партијата на европските социјалисти, информираат од Владата.

Поврзани новости