СДСМ: Иванов не ги почитува граѓаните, одби да ја користи Алатката за транспарентност

by fokus

Целокупното политичко делување на Ѓорге Иванов е на штета на државата и граѓаните. Со одбивањето на Алатката за транспарентно, отчетно и одговорно владеење Ѓорге Иванов им го ускартува правото на граѓаните редовно, точно, објекативно и транспарентно да бидат информирани за трошоците од неговото работење, велат од владејачката СДСМ.

Според нив, со одбивањето Иванов покажува непочитување кон граѓаните.

„Очигледно за Иванов граѓаните не се важни и со одбивањето на Алаткта за транспаретност крие за што ги троши нивните пари. Интересите на граѓаните и државата треба да бидат на прво место за секого. Владата предводена од СДСМ затоа и ја донесе оваа алатка за транспарентност и отчетност на трошоците кои ги прават владините функционери. Граѓаните имаат право на сите информации за трошењето на нивните пари и тоа од страна на Владата ќе се спроведува и во иднина. Заложбите за целосно и навремено информирање на граѓаните за трошењето на нивните пари и понатаму ќе се спроведуваат“, велат од владејачката СДСМ.

Поврзани новости