Заев: Власта неодговорно и непрофесионално ја водела истрага за загинувањето на Младенов

by Фокус

 

Имаме докази, факти и аргументи кои покажуваат дека властите неодговорно и непрофесионално ја воделе истрагата за загинувањето на основачот на неделникот Фокус Никола Младенов, па затоа случајот не може да се затвори како несреќен случај, туку најмалку што треба да се стори е да се отвори нова истрага за вистинските причини за загинувањето на овој борец за вистината и правдата и критичар на сите власти, изјави предмалку лидерот на опозицискиот СДСМ Зоран Заев.

– Власта официјално соопшти дека не може да се утврди каде бил Младенов кобната ноќ, дека го немало телефон, дека немало судир со друго возило, дека немало фискални сметки, туку дека причина е неприлагодена брзина на патот. Од објавените аудио разговори ќе стане јасно дека ниту една од овие клучни работи се точни, туку напротив – истакна Заев.

Поврзани новости