Зоран Заев го впери прстот кон партијата на Груевски како виновна за пропаѓањето на преговорите од пред некој ден. Во интервју за емисијата „360 степени“ на Алсат, Заев објасни дека главната разлика меѓу партиите е прашањето со медиумите бидејќи според него, Груевски не сака да ја изгуби контролата врз медиумските регулатори, објави Алсат.
Според СДСМ, овие тела треба да ги раководат независни експерти. Од друга страна, Заев смета дека предвремените избори треба да се одржат кон крајот на октомври или почетокот на ноември.
Според Заев, опозицијата сака брзо решавање на кризата, но истото го спречуваат партиите на власт, ВМРО и ДУИ. Тој дури, албанската партија на власт ја нарече извршител на интересите на партијата на Груевски. ДПА пак, ја нарече незаинтересирана за текот на преговорите.
Независно од формата на владата која ќе ги организира изборите, Заев е дециден дека таа треба да се формира шест месеци пред изборите, а не 100 дена, како што тврди власта. Според Заев, опозицијата останува рамо до рамо со демонстрантите, но има и други планови за надминување на кризата, иако сметаат дека преговорите и изборите се најдобриот излез од неа.